Претседател
на МАН : Илија Максимовски
manpresident@on.net.mk
Потпретседатели:
Мирка Велиновска manvicepresident1@on.net.mk
,
Дејан Николовски manvicepresident2@on.net.mk
Генерален
секретар: Драган Павловиќ Латас
mangeneral@on.net.mk
Македонската
Асоцијација на Новинари ( скратено МАН ) е формирана на 22 Ноември
2002 година, на иницијатива од дваесеттина македонски новинари,
од редакции на пишувани медиуми, телевизии и радио новинари, од
Скопје и другите градови во Македонија, со намера да се создаде
професионална организација на новинарите како производ на слободно
граѓанско здружување заради остварување цели и задачи од интерес
за новинарската професија.
Оттаму, слободата на новинарот која е
основ за неговата работа, и одговорноста што е основ за неговата
професионалност, се прва цел за создавање асоцијација на слободни
новинари.
Пристапувањето
во МАН е доброволно, и се оствраува преку пристапница која може
да се добие на овој сајт, и да се прати на адреса на Асоцијацијата
или , со претходен контакт за детални информации со претседателот
или генералниот секретар на Асоцијацијата.
ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА АСОЦИЈАЦИЈАТА
Член
8
Целите на МАН се афирмација на слободното новинарство: слободниот
и равноправен пристап до информации, слобода во прибирањето, објавувањето,
дискрецијата, коментирањето, автономијата и индивидуалноста во
новинарската работа.
Иницијативи за унапредување на законите и прописите кои се однесуваат
на јавното информирање и слободната работа на новинарите, и нивно
прилагодување согласно европските норми кои се однесуваат на таа
материја.
Освен тоа, целите се и: работа на обезбедување и почитување на
работните, професионални права и обврски на македонските новинари
во јавноста, пред институциите, во редакциите и пред надлежните
судски и државни органи
Прифаќање и примена на основните професионални стандарди, права
и обврски кои се составен дел на Меѓународната аоцијација на новинари
(IFJ), како и европската новинарска асоцијација (EJC).
Член
9
МАН се залага за слободно, и професионално новинарство, со остварување
на следните принципи:
- Почитување на слободниот избор на работа.
- Почитување за правото новинарот да побара, добие и објави секоја
информација со која располага и која ја смета за релевантна, на
индивидуалност, став и коментар во новинарската работа.
- Еднаквост на статусот на новинарот, без оглед на видот на неговиот
работен однос.
- Секој кој извршува новинарска работа мора да биде платен за
тоа, врз основа на законски договор со редакцијата која објавува
новинарски труд. МАН се залага за укинување на бесплатна работа
врз основа на стажирања, обука и слично при што работодавецот
пласира прозвод на новинарски труд без надомест.
- МАН се залага за обврски на работодавецот новинарот кој извршува
сложени и безбедносно ризични задачи, освен редовното, да има
посебно осигурување од ризици.
- Почитување на правото на новинарот да го чува и штити изворот
на информирање, да го создава својот став кон информацијата, и
да биде заштитен од самоволни измени на информацијата од страна
на надреден уредник во процесот на подготовка и објавување на
информацијата.
- Никој нема право да дава квалификации, да суди или врши притисок
на новинарот за карактерот и политичкиот или општествен контекст
на неговите текстови или изјави.
- МАН се залага за сите овие, и сродни права и обврски на новинарот,
кои не се во конфликт со Уставот, законите и прописите кои се
однесуваат на јавното информирање.
- За поттикнување на слободното и професионално творештво, МАН
ќе доделува годишни награди за новинари, или редакции, како генерална
награда, така и награди за поединци.
(Извадоци
од Статутот на МАН)